LG G7
Media: Ynet

Подолго време се шпекулираше дека компанијата LG сепак нема да го претстави својот иден знаменосец G7 на MWC саемот во Барселона. Меѓутоа, будното око на љубителите на технологијата успеа да го улови новиот уред во една од халите „сокриен“ под псевдонимот Neo.

Израелскиот магазин за Ynet објави видео за кое сметаат дека го прикажува новиот уред на компанијата LG. Она што може да се забележи е неверојатната сличност со популарниот Х на компанијата Apple. Она што на прв поглед асоцира на сличност помеѓу двата уреди е изрезот на предната страна на уредот, во горниот дел од екранот. Меѓутоа ако се погледне задната страна на уредот веднаш се добива впечаток дека во рацете имате типичен LG телефон.

7-цата се разликува од своите претходници на начин што двојната камера е поставена вертикално и во централниот дел од уредот. Под неа лоциран е сензорот за допир. Што се однесува до генералните димензии, новиот уред е за нијанса поголем од претходните. Опремен со 6 инечен OLED екран кој нуди 19.5:9 резолуција.

LG G7
Media: Ynet

За сега е потврдено дека новиот уред е придвижуван од Snapdragon 845 процесор на компанијата Qualcomm. Располага со 4GB RAM и 64GB интерна меморија во својата стандардна конфигурација. Гласини велат дека ќе постои и помоќна верзија со двојно повеќе интерна меморија и 6GB RAM.

ИЗВОРTech Radar
ИЗВОР 2Venture Beat
Претходна статијаYouTube додаде низа функции во делот Live stream
Следна статијаApple освојува со нови хардвер продукти на пазарот