lg-g-1

Овогодинешниот знаменосец на LG познат како LG G5 и покрај големите новитети не се пофали со голем успех  и внимание од Android светот. Поради големите загуби на компанијата несомнено му е потребено ново освежување, смартфон кој би ги развил и усовршил потенцијалите кои ги нуди  G5 постанувајќи негов успешен наследник.

Гласините за новиот знаменосец LG G6 кој би требало да биде претставен наредната година постепено се зголемуваат, а експертите потенцираат на две главни точки: вметнување на скенер на зеницата од окото и нова технологија за мобилно плаќање.

Според голем број на експерти LG веќе долго време е фокусиран на развој на сопственo мобилно плаќање кое се базира врз технологија на магнетски пренос, или позната како Magnetic Secure Transmission(MST) technology. За разлика од Android Pay и Apple Pay кои работат со помош на NFC технологијата која е прифатена од многу мал број на современи читачи на кредитни картички, МST технологијата на LG би работела и со постарите читачи на кредитни картички. Фактот дека 90% од продавниците сеуште користат постари читачи на кредитни картички овозможува поширока масовна употреба на оваа нова технологија во однос на своите ривали. Оваа нова технологија која сеуште се наоѓа во фаза на развој според експертите би била вметната во новиот LG G6 и според многу гласини би го добила името LG Pаy или поедноставно G Pay.

eye-iris-1

Пред месец дена LG се пофали и со развој на скенер на зеницата од окото кој би претставувал две во едно модел составен од предна камера и скенер. Од компанијата не излегуваат со соопштение кога би почнала да се користи оваа технологија, но развојот на нешто ново од страна на LG во моментов ги охрабрува експертите да предвидуваат имплементирање на истото во новиот LG G6. Првиот смартфон кој го изненади светот со ваков скенер беше Samsung Note 7, но поради фактот дека овој смартфон беше прекинат од производство му дава доволно време на LG да ја развие оваа технологија.
Моментално било какви гласини за техничките карактеристики тешко би можеле да постојат, но најновата генерација на Snapdragon 835 и QHD резолуција со сигурност би биле вметнати во новите смартфони од високата класа во наредната година.

Извори: Android Authority, PhoneArena, TechRadar

Претходна статијаArrival е најдобриот филм годинава и еден од најдобрите НФ филмови некогаш направени
Следна статијаOppo A57 претставен во Кина со 16 мегапикселна селфи камера