lg-g-pro-2-d837-1

LG минатиот месец го претстави наследникот на Optimus G Pro, за кој што исто така може да се каже дека е поголема верзија од LG G2 одличниот мобилен. LG G Pro 2 спаѓа во категоријата на phablet уреди, односно мобилен телефон/таблет, со својот екран од 5,9 инчи. Екранот е IPS+ LCD и доаѓа со Full HD резолуција, односно 1920 x 1080 пиксели со нивна густина од 373 ppi. Она што го прави навистина интересен овој телефон е тенката рамка, исто така карактеристична за G2 моделот, која што покрај тоа што го прави телефонот генерално помал, исто така изгледа навистина одлично.

LG G Pro 2 доаѓа со Qualcomm Snapdragon 800 чипсет, односно Quad-core 2.26 GHz Krait 400 процесор и Adreno 330 графички процесор. Иако веќе излегуваат нови процесори, сепак овој процесор го става G Pro 2 во највисоката класа и од него се очекува работа без никакви проблеми или бавни реакции. Исто така овој телефон доаѓа со 3 GB на RAM меморија, како и избор помеѓу 16 и 32 GB на внатрешна меморија за складирање и можност за проширување на меморијата со microSD картичка до 64 GB.

lg-g-pro-2-d837-3

LG G Pro 2 доаѓа со 13 мегапикселна камера која што има можност за снимање на 4K видео со 30 fps, 1080p видео со 60fps и 720p со 120fps. Се разбира тука се поставува прашањето дали снимањето на видео во оваа резолуција сеуште може да им користи на корисниците, со оглед на тоа што 4К телевизорите не се сеуште толку распространети, меѓутоа истите оваа година ќе ги има повеќе, а дополнителни можности се секогаш добредојдени.

Исто така веќе видено во G2 моделот, копчињата за звук и копчето за заклучување и отклучување на телефонот се поставени на задната страна под камерата, наместо од страните на уредот. Исто така G Pro 2 доаѓа со дополнителен софтвер, Knock Code, кој што му дава можност на корисникот да го отклучи телефонот со одредени притискања на екранот додека истиот е заклучен.

LG G Pro 2 работи на Android 4.4.2, односно најновата верзија од овој оперативен систем. Како и другите производители, така и LG вклучува свој софтвер, односно кориснички интерфејс поставен врз Android оперативниот систем, па и овој модел доаѓа со Emotional UX од LG.

Претходна статијаМожност за блокирање на корисници додадена на LinkedIn
Следна статијаOnyx MIDIA InkPhone – мобилен телефон со E Ink екран
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.