Покрај Samsung кои ги произведуваат едни од најдобрите екрани на пазарот, за LG слободно може да се каже дека не заостануваат зад овој голем конкурент. Ако од некој производител се очекува дека ќе му конкурира на Samsung и кога се во прашање еластичните екрани кои може да се превиткуваат, тоа сигурно ќе биде LG.

Еден вид на потврда, покрај досегашните информации кои ни беа достапни, доаѓа и од најновата регистрација на компанијата на три имиња како трговски марки во Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската Унија.

Flex, Foldi и Duplex се имињата поднесени во категорија која се однесува на смартфони, па иако не можеме да бидете целосно сигурни, сепак имињата асоцираат на смартфон со екран на превиткување.

Samsung иако се очекуваше дека ќе го претстави својот уред со ваков екран, тоа остана за идната година, а тие го претставија екранот на којшто ќе работи еден ваков уред. Наречен InfinityFlex, екранот на Samsung е 7,3 инчи во големина кога е отворен и може да се користикако таблет компјутер.

Идната година дефинитивно ќе биде годината кога конечно ќе ги видиме на пазарот овие револуционерни уреди кои ќе го променат начинот на којшто ги користиме нашите мобилни телефони.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаInstagram тестира нова поставеност на профилните страни на своите корисници
Следна статијаСтотици луѓе се дел од Глобалниот лидерски самит во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.