zuk-edge-1

Новиот телефон на Lenovo познат како ZUK Edge се чува во голема тајна од страна на компанијата. Освен потврдувањето од страна на кинеската регулаторна комисија TENAА и големиот број на неофицијални слики кои во текот на минатиот месец се проширија низ интернет, јавноста нема ниту една официјална информација за новиот смартфон.

Од неофицијалните слики може да се воочат пропорциите на смартофнот и соодносот помеѓу екранот и телото, што дава добра визуелна претстава на гласините дека телефонот ќе има минималиситчка рамка околу екранот. Исто така од сликите може да се забележи и мало делумно заоблување на предното стакло до 2.5D по што телефонот го добил своето име Еdge.

zuk-edge-2

Според неофицијалните информации смартфонот би доаѓал во две верзии, бела и црна, а што се однесува до карактеристиките би бил придвижен од Qualcomm Snapdragon 821 чипсет, четири-јадрен процесор и Adreno 530 графичка, 4 GB рам меморија, 32 или 64 GB внатрешна меморија и Android 6.0 Мarshmallow со ZUI скин.

Подоцна на вебсајтот за проверка на перформанси на смартфони познат како Antutu Benchmark се појавија нови неофицијални информации дека телефонот би доаѓал со 6 GB рам, Android 7.0 Nougat и би била достапна верзија и со 128 GB внатрешна меморија. Ова доведува до појава на нови претпоставки кај експертите дека телефонот би можел да доаѓа во две варијанти кога станува збор за рам меморијата.

Останатие карактеристики на смартфонот би требало да вклучуваат 5.5 инчен LCD дисплеј со FullHD резолуција, примарна камера со 13 и селфи камера со 8 мекапикселски сензори, и батерија од 3000 mAh. Би чинел околу 390 долари, што воедно го прави и еден од најевтините смартфони со вграден Snapdragon 821.

Уште од почетокот на протекување на информациите се шпекулира дека телефонот треба да биде претставен во најбрзо време, а од Lenovo ја решаваат дилемата со официјална информација за претставување на телефонот во Кина во текот на оваа недела, без прецизиран датум.

Извор: GSMArena (1), GSMArena (2), NDTV

Претходна статијаRovio го претстави Hatch – револуционерен сервис за мобилни видео игри
Следна статијаКако драстично да ја подобриш својата онлајн приватност во три лесни чекори