Напредокот на паметните телефони изминатиот период се концентрира во главно на две работи, вештачка интелигенција и подобри екрани. Она што се мисли под подобри екрани е развој на екрани кои може да се превиткаат, екрани кои немаат рамка околу нив и слично.

Екраните кои се превиткуваат и со тоа овозможуваат мобилниот телефон да се претвори во таблет, сепак се’ уште се во развој, па очекуваме со нетрпение да ги видиме до крајот на годината или идната година.

Она што е актуелно е претставувањето на телефони без воопшто рамки околу екранот, меѓутоа тоа не е баш така едноставно да се изведе. Тоа е така поради тоа што сепак е потребно место каде да се постават сензорите кои се сместени на предната страна, како и предната камера.

Можевме да видиме интересна идеја од патент на Samsung, каде овие сензори се поставуваат на мали „дупчиња“ на екранот, па тие скоро и да не се забележуваат, за разлика од моментално популарниот исечок, доволно голем да ги собере овие сензори.

Исечокот на горниот дел некако стана непопуларен на корисниците, а посебно по се почестото претставување на вакви Android телефони кои често ги нарекуваат копија на iPhone X. Она што навистина се очекува е екран којшто нема да има воопшто рамки околу него, дури ни мал исечок.

Ваков телефон најавува Lenovo, кои пред некоја година ја купија Motorola од Google. Потпретседателот на компанијата преку кинескиот Weibo објави слика, поточно скица, цртеж, на којшто е прикажан уред без воопшто рамки околу екранот.

Тој исто така најавува дека уредот ќе се вика Z5, а ќе вклучува четири нови технолошки достигнувања, како и 18 патентирани технологии. Претпоставувам дека дел од овие технологии ќе овозможат да се користи екран без рамки, а сепак некаде да се сместат сензорите кои стојат на предната страна.

Кога овој телефон би бил претставен не е истакнато, па тоа може да биде наскоро, меѓутоа и до крајот на годината, сепак. Она што нас не интересира е дали уредот навистина нема да има било каква рамка на екранот и како ќе бидат решени сензорите.

Иако Lenovo има одлични модели на смартфони, борбата на пазарот, а посебно на највисоката класа е многу силна. Ваков телефон од компанијата дефинитивно би направил силно влијание, како за големи продажби, така и за реакција од конкуренцијата.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаЗошто IBM им забрани преносни уреди на своите вработени?
Следна статијаСемос Едукација и АВРМ го започнаа вториот циклус на бесплатни обуки за напредни ИТ вештини за невработени лица
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.