Можеби Lenovo во последно време се повеќе познати и присутни со Motorola брендот којшто го купија од Google, меѓутоа тоа не значи дека не може да видиме одредени производи со нивниот бренд. Ова посебно важи за нивната земја, односно Кина.

Lenovo Z5 Pro GT е нов смартфон од највисоката класа која доаѓа со две интересни карактеристики, односно карактеристики кои ќе привлечат внимание, дефинитивно.

Првата е фактот што Z5 Pro GT има варијанта која доаѓа со дури 12 GB RAM меморија, како и 512 GB простор за податоци. Кога на ова ќе се додаде најновиот Snapdragon 855, јасно е дека Lenovo со овој уред имаат отидено до максималните граници на моментално достапната технологија.

Овој уред исто така доаѓа со 6,39 инчен AMOLED екран со резолуција од 2.340 x 1.080 пиксели, а има и двојни камери на предната и задната страна со 16 и 8, односно 16 и 24 мегапиксели.

Овој телефон исто така се истакнува по начинот на којшто се прикажува камерата на предниот дел, односно сензорите и звучникот. Тие се “скриени” и се прикажуваат со систем за лизгање, а со тоа се овозможува екран без рамки околу него.

Вакво и слични решенија веќе можевме да видиме кај кинеските конкуренти, како што е Mi Mix 3 од Xiaomi.

Како и да е, изгледа дека сепак идната година ќе биде годината на малите “дупки” како место за камера, како што оваа беше година на исечоците. Мене лично ми е криво што повеќе производители не се решија за систем на лизгање како начин на тргање на рамките околу екранот.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаЗошто понекогаш треба да го ставиш мозокот на „airplane mode“
Следна статијаТоп 7 препораки за секој ден од неделата (4)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.