Lenovo-Yoga-Tablet-10-HD+-_02

На MWC 2014 настанот кој што се одржа минатата недела во Барселона, Lenovo претстави нова генерација од својата Yoga Tablet 10 серија. Според сите информации кои доаѓаат од присутните на настанот кој што имаа шанса да го пробаат новиот таблет, истиот претставува подобрување од претходната генерација која што беше до некаде критикувана поради не толку добрите хардверски карактеристики.

Новиот Yoga Tablet 10 HD+ како што кажува и името доаѓа со 10 инчен Full HD IPS LCD екран со резолуција од 1920 x 1080 пиксели и густина на пиксели од 224 ppi. Процесорот вклучен е Qualcomm Snapdragon 400 кој што има четири јадра што работат на 1,6 GHz, а вклучува и RAM меморија од 2 GB. Таблетот доаѓа со две камери, предна наменета за видео разговори и сопствени слики со 1,6 мегапиксели и задна камера со 8 мегапиксели. Она по што беше позната и претходната генерација на Yoga таблетите е батеријата со капацитет од 9.000 mAh кој што овозможуваше 18 часа на работење, која што доаѓа и во новиот HD+ модел и истото времетраење на батеријата. Таблетот доаѓа со инсталиран Android 4.3 оперативен систем, што е малку чудно за модел што треба да биде достапен оваа година да не го вклучува најновиот 4.4 KitKat. Има вградено меморија од 16 GB и можност за надоградување на истата до 64 GB преку поддршката за SD картички.

Покрај по големата батерија, овој таблет е познат и по неговиот дизајн задржан од претходната генерација. Поточно тој е направен од алуминиум, доста е тенок и на едниот крај има здебелување кое што му овозможува поставување на вградениот држач кој што овозможува поставување во познатите три позиции. Таблетот преку држачот може да биде поставен во подигната положба за полесно користење на тастатурата и слични активности на маса, поставен во исправена положба погодна за гледање на филмови, како и стандардната позиција на држење во раце.

Lenovo-Yoga-Tablet-10-HD+_01

Со Yoga Tablet 10 HD+, Lenovo воведува и 5 нови апликации како дел од DOit пакет на апликации. SHAREit е апликација наменета за споделување на фајлови помеѓу два уреди во ситуации кога не е достапна Wi-Fi мрежа, односно преку креирање на ad-hoc мрежа помеѓу нив и споделување на контакти, слики и други фајлови преку peer-to-peer. Оваа апликација е најавена и за iOS и Windows Phone уредите. Другите апликации од пакетот се SECUREit, апликација за заштита од малициозен софтвер, SYNCit апликацијата за правење на бекап на одредени податоци, SNAPit камера апликација и SEEit апликацијата за разгледување на сликите на правени со претходната апликација.

Lenovo Yoga Tablet 10 HD+ ќе биде достапен од средината на оваа година и ќе се продава по цена од 349 долари и можност за купување на посебна тастатура за 59 долари.

Претходна статијаSony го претстави Xperia Z2 мобилниот телефон
Следна статијаAllSee, нова технологија за препознавање на гестови која работи без камера и батерии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.