gsmarena_002

Кинескиот гигант Lenovo ја претстави својата нова серија на телефони од високата класа, Vibe X3. Има три верзии, кои имаат многу слични спецификации, а она што ги поврзува се 5,5 инчниот Full HD дисплеј и специјалниот аудио засилувач, кој треба да понуди поквалитетно слушање на музика.

Помоќните две верзии се разликуваат само по тоа колкав капацитет за складирање податоци имаат – 32 или 64 GB, по цена од 390, односно 470 долари. И двата модели имаат и слот за micro SD картичка, како и Snapdragon 808 процесор со 6 јадра, помогнат од 3 GB рам. Како и скоро секој кинески телефон и тука има поддршка за две сим картички со 4G брзина.

Камерата е особено импресивна – во неа е вграден Sony IMX230 сензорот со 23 мегапиксели, кој веќе се докажа во неколку други модели, а тука може да снима и 4K видео. Предната камера има 8 мегапиксели, додека батеријата одлични 3600 mAh. Секако, како и секој модел со понов Qualcomm чип и овој има брзо полнење QuickCharge 2.0.

gsmarena_003

Поевтината изведба Vibe X3 C78 е пред се наменета за тинејџерите, односно за сите оние кои сакаат да се чувствуваат дека имаат телефон од високата класа, но не можат да издвојат толку пари. Овој модел има MediaTek чип со осум јадра, 2 GB рам меморија и 16 GB простор за складирање, со можност за проширување преку micro SD картичка.

Камерите кај овој модел имаат 16, односно 5 мегапиксели, додека батеријата има 3400 mAh и нема можност за брзо полнење. Овој модел ќе има цена од 300 долари.

Сепак, главниот адут на новите Vibe X3 модели во однос на конкурентите е специјалниот аудио засилувач на Texas Instruments, дигитален во аналоген конвертер Sabre, како и специјално развиениот Cirrus Logic кодек кој го намалува шумот при слушање на музика и надворешните звуци преку трите вградени микрофони.

Според Lenovo, ова треба да овозможи многу поквалитетно аудио кога ќе слушате на слушалки, а доколку сакате да поминете без нив, на телефонот се вградени и стерео звучници, кои би требало да овозможат квалитетно искуство.

Извор: GSMArena, PhoneArena

Претходна статијаAsus Z240 е „се во едно“ компјутер кој директно му конкурира на iMac за тронот во класата
Следна статијаAlien: Covenant – Објавено сижето и датумот на објава за продолжетокот на легендарната трилогија