lenovo-smart-cast-f

Ако од насловот не ви беше јасно што точно создале Lenovo читајте понатаму. Тие само што го најавија нивниот најнов телефон со име Smartcast кој на себе има проектор. Иако ова можеби изгледа не толку примамливо, од Lenovo успеале да направат проекторот да проектира слика, а вие со вашите раце да можете да се однесувате со нејзе како да е екран осетлив на допир.

Практично, сликата се проектира на маса или друга површина, а сензорот во телефонот детектира кога сте ја „допреле“ и каде точно, пренесувајќи го тоа како команда за софтверот да изврши акција. Проекторот ќе може да се користи и како стандарден проектор т.е. ќе може со него да се прикаже слика на ѕидот, па ќе можете да гледате филмови или друга содржина на тој начин.

Проекцијата ќе може да биде тастатура, содржината од екранот, или клавијатура за контрола на разни апликации за создавање звуци и правење музика, и слично. Модот на работа ќе се контролира со вртење на капачето на врвот кое го содржи проекторот во зависност од тоа како сакате да го користите во моментот.

Од Lenovo се` уште немаат објава за цена, но може да се очекува дека ќе биде неколку стотици долари. Ваквиот уред ќе биде применлив за најразлични типови на луѓе, тие кои би сакале да работат на својот телефон, но ги одбива немањето на (доволно добра) тастатура за да напишат некој текст, или најразлични аудио уметници кои би можеле да изведуваат цели настапи преку ваков проектиран екран кој може да се „допре“.

Извор: Engadget, Time.com

Претходна статијаНаучниците успешно го имаат вратено стареењето кај човекови клетки
Следна статијаGoogle ја претстави новата и значително подобрена Photos апликација