lava-pixel-v1-1

Android One, односно обидот на Google да влезе со чист Android оперативен систем кај поевтините мобилни, е нешто налик на Nexus програмата, но со можност и другите производители да земат учество во производството. Lava Pixel V1 е веројатно најдобриот Android One паметен телефон досега, а е сигурно и најубавиот.

Имено, телефонот е изработен од DragonTrail стакло (конкурент на Gorilla Glass) и метално куќиште, слично како новиот Galaxy S6 и на iPhone 6, што му дава премиум изглед и луксузно чувство кога ќе се стави во дланката, што особено радува бидејќи се работи за евтин, индиски паметен телефон. Инаку, со големината на дисплејот од 5,5 инчи, овој паметен телефон навлегува во класата на таблет – телефони.

lava-pixel-v1-4

Фактот дека се користи чист Android Lollipop оперативен систем, а исто така и спецификациите, ветуваат брзо и мазно работење. Вграден е процесор од Qualcomm со четири јадра кои работат на 1,3 GHz, помогнати од 2 GB рам меморија.

Вграден е и 32 GB простор за складирање податоци, што е повеќе од некои телефони од високата класа, а Lava Pixel V1 има дури и слот за micro SD картичка. Екранот има солидна резолуција од 1280х720 пиксели, што е во рамките на средната класа.

Ниту камерите не се за потценување, со 13 мегапиксели задна и 5 мегапиксели предна камера. Батеријата има исто така солиден капацитет од 2650 mAh, што е единствениот дел каде е малку „заштедено“, но веројатно и тоа е доволно за цел ден користење. Како и секој телефон од истокот, и овој ќе се нуди со dual sim можност.

lava-pixel-v1-5

Најинтересна е сепак цената, која изнесува само 177 долари во Индија, што за телефон со чист Android оперативен систем и вакви перформанси е и повеќе од поволно. Засега, нема најава дека овој модел би можел да биде достапен и кај нас, но, стегајте палци!

Извор: Techno Buffalo, GSM Arena

Претходна статијаGoogle+ дополнително прилагоден – веќе нема да биде потребен на YouTube
Следна статијаSamsung претстави монитор кој има можност за безжично полнење на телефоните