“G” серијата на LG своевремено беше знаменосецот на гамата на смартфони, но последниве три години приматот полека го презема “V” серијата, која сега треба да биде претставена во третата генерација. Новиот модел ќе биде драматично различен од двата претходници – на пример, нема да има втор дисплеј во горниот дел, но затоа ќе потсетува на G6 – првиот телефон во светот со тесен и висок дисплеј.

Како и да е, дизајнот ќе биде многу понапреден од LG G6. Од првите слики кои ни ги покажува кој друг ако не Evan Blass, може да се види дека рамката околу дисплејот ќе биде многу помала, особено на страните каде не е воопшто видлива. Големината на самиот екран сега е 6 инчи во 18:9 сооднос на страните, што се чини е идеално за телефон со потесен и повисок дизајн. Интересно, LG и натаму ќе нуди дополнителна функционалност во горниот дел кај V30, но наместо втор дисплеј, него ќе го замени софтверска лента со слични можности.

Секако, бидејќи се работи за смартфон од високата класа, очекувајте топ спецификации, како Snapdragon 835, 4 GB рам и 64 GB простор, додека во задниот дел ќе има двојна камера, од кои едната ќе биде со многу поширок агол.

Бидејќи се работи за смартфон од V серијата, очекувајте и топ аудио перформанси, како и супериорно снимање видео со мануелни контроли и сараунд аудио. Телефонот ќе биде претставен на 31 Август, кога ќе ги знаеме сите дополнителни детали.

Извор: PhoneDog, TechnoBuffalo, The Verge

Претходна статијаИстражувачи користат машинско учење за елиминирање на “buffering” на интернет видеата
Следна статијаMotorola работи на смартфон дисплеи кои сами ќе се поправаат