Во денешно време веќе нема некој којшто нема мобилен, поточно, паметен телефон. Малиот број на луѓе кои ги немаат се можеби постарите генерации, а остатокот од нас некогаш и бараме начин како да одмориме од овие уреди кои константно не држат поврзани.

Онлајн продавница за мобилни и технологија од САД има направено мало истражување за тоа колку од нивните корисници се запознаени со своите уреди, односно колку тие ги познаваат нивните карактеристики, па дури и изглед.

Иако ова истражување, ако може така да се нарече, не може да се смета како меродавно, сепак остава одредени прашања за тоа дали ситуацијата е навистина ваква.

Испитани биле 2.000 корисници на мобилни телефони постари од 18 години и резултатите покажале дека голем дел од корисниците, а под голем дел мислиме и над 50%, не знаат да си ги препознаат своите уреди.

Корисниците не знаат како изгледа нивниот уред, односно не знаат да го изберат својот уред од повеќе прикажани. Тие исто така често не знаат кои карактеристики ги има нивниот уред, како на пример безжично полнење, дали има поддршка за 5G и слично.

Телефонот којшто најмногу бил препознаван од своите корисници е Galaxy S9+, а најмалку iPhone XR.

Мене лично овие резултати не ме изненадуваат. Сепак, корисниците кои точно знаат што користат не се мнозинство, а повеќето ги интересираат апликациите и можностите на телефонот, наместо неговите карактеристики и изглед.

ИЗВОРZDNet
Претходна статија„Bird of Pray“ е футуристички концепт за авион од Airbus инспириран од природата
Следна статијаРСБСП со апел до возачите за 2 август: Безбедноста на прво место! Празникот одбележете го достоинствено и не управувајте моторно возило под дејство на алкохол!
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.