364px-Kodak_logo.svg

Може слободно да се каже дека нема некој кој што не е запознаен со Kodak брендот, бренд кој што беше главниот кога се работи за фото апарати и слична опрема до деведесеттите. Меѓутоа, како и многу други компании кои што биле успешни повеќе години, едноставно тие не успеваат на време да се прилагодат на новите технологии и пазарни услови, па постепено го губат целиот пазар од се разбира, дигиталните камери.

Денес тие во главно работат со решенија за принтање, софтверски решенија и слично, после обид за продажба на дигитални камери и објава на банкрот.

Оваа недела од компанијата најавија дека во соработка со британскиот производител на мобилни телефони Bullitt Group, на пазарот ќе претстават нова линија на Android телефони. Како што би претпоставиле, се работи во главно за користење на брендот на Kodak, па компанијата нема истите да ги произведува.

Повеќе информации за тоа какви ќе бидат телефоните не се дадени, односно тие се само најавени, а ќе бидат претставени на CES 2015 настанот кој што се одржува на почетокот на Јануари идната година.

Во соопштението се истакнува дека телефоните ќе бидат во високата класа, меѓутоа со акцент на едноставност, нешто што според нив во денешно време тоа ретко е случајот. Исто така, тие не би го носеле брендот на Kodak доколку не вклучуваат и одредени функции поврзани со сликање.

Овој дел од телефоните во главно ќе биде направен со повеќе софтверски решенија од компанијата, а повеќе информации за какви леќи ќе се користат, какви ќе бидат можностите сепак се оставени за идниот месец.

Извор: PR Newswire, Engadget

Претходна статијаCLAXI – Нова мобилна супер-едноставна такси-апликација за прв пат во Македонија
Следна статијаSamsung добива поддршка за PlayStation Now сервисот за стриминг на игри
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.