karbonn-mobiles

Karbonn Mobiles е компанија од Индија која што е дел од повеќето компании кои што направија договор со Microsoft за претставување на мобилни телефони кои работат на Windows Phone оперативниот систем. Оваа компанија планира да претстави мобилен телефон кој што ќе работи на два оперативни системи, односно Dual OS мобилен телефон. Двата оперативни системи на кој што ќе работат нивните мобилни се Android и Windows Phone. Корисниците на овие телефони ќе имаат можност да изберат кој оперативен систем ќе сакаат да го подигнат и да го користат.

Microsoft ги олесна правилата и ја отвори својата платформа за други играчи. Потпишавме договор пред два дена и ќе претставиме група на Windows мобилни за околу три месеци. – Sudhir Hasija, претседател на Karbonn Mobiles

Ваков концепт на мобилен што работи на два оперативни системи е веќе претставен од страна на Geeksphone, кој што работи на Android и Firefox OS.

Извор: WPCentral

Претходна статијаKickstarter ја помина границата од една милијарда долари вложени од поддржувачите
Следна статијаНови слики од Cortana, личниот асистент во Windows Phone 8.1
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.