nexus2cee_nexuswm_thumb

Покрај некои гласини кои се појавија минатата година, Google продолжува со развојот на нивната Nexus линија на смартфони, а оваа година се најавува и поголема вклученост и контрола од нивна страна.

Информациите говорат дека оваа година HTC ќе биде производителот кој ќе ги направи новите Nexus модели, кои повторно се очекува да бидат два, еден помал и еден поголем. Ова во основа е и стандардот кај повеќето производители кои се трудат да ги задоволат повеќето вкусови на корисниците на врвните модели.

Според извори на Android Police, за кои тие веруваат дека се прилично веродостојни, ги имаме првите компјутерски направени слики од тоа како би можеле да изгледаат новите Nexus модели. Нагласено е дека се работи за компјутерски направени слики врз основа на информациите добиени од изворот, односно тие не се добиени од негова страна.

Од сликите може да се види дека дизајнот на новите модели треба да биде едноставен, без некои досега видени додатоци. Камерата ќе биде добро вградена во самото тело од уредот, па нема да штрчи и да смета.

nexus2cee_nexuswm-1

Не е точно познато од што ќе бидат изработени моделите, па се претпоставува дека може да биде било што од пластика, стакло, па и алуминиум.

На задната страна покрај камерата, поставен е и скенерот за отпечатоци на прсти, како што беше случајот и со претходните, односно се’ уште актуелните модели.

Уредот доаѓа во форма која е видно заоблена на краевите, што според некои потсетува на некои од постарите Nexus модели.

Од Android Police истакнуваат дека иако тие се сигурни во точноста на информациите од нивниот извор, не е точно познато од кога се овие информации. Доколку се постари, можни се одредени промени кои може и значително да го променат овој дизајн.

Извор: Android Police, TNW

Претходна статијаВодич за купување на телефон – дел 1 – висока класа
Следна статијаMicrosoft го претстави Skype Meetings – бесплатно онлајн решение за видео конференции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.