Издржлива батерија? Toa е возможна мисија!

Дали знаете како правилно да го полните телефонот?

Независно од тоа дали станува збор за највисока, средна или ниска класа на смартфони – сите се соочени со еден основен предизвик – да одговорат на очекувањата на потрошувачите за продолжен век на батеријата. Современите смартфони може да се пофалат со многу достапни апликациии, функции, ажурирања, вештачка интелигенција, но вистината е дека треба да знаеме, која е всушност главната намена на телефоните – да не поврзуваат со светот, а тоа е невозможно без батерија. Токму затоа е важно да знаете како правилно да го полните својот уред, како и некои суптилности и корисни апликации кои ги нудат водечките производители. 

Избегнувајте полнење на телефонот до 100% 

Можеби ќе се изненадите, но полнењето на телефонот до храбрите 100% е непријател на батеријата, особено ако била значително или целосно потрошена. Не дозволувајте да се потроши целосно. Најдобро е да ја држите рамномерно помеѓу 45% и 75% и да ја полните често и кратко. И полната и празната батерија го ограничуваат капацитетот на работа и животниот циклус.

Исклучете ги непотребните вибрации и известувања

Во многу моменти ѕвонењето со вибрации, како и добивањето на известувања од најразлична важност е неизбежно, особено кога е неопходно да го исклучите звукот на вашиот смартфон. За жал, дури и ако е вклучена само една од овие две опции, влијае на уништување на батеријата. Затоа, препорачливо е да ги деактивирате непотребните вибрации – на тастатурата, заедно со ѕвонењето при дојдовен повик итн. како и непотребните известувања.

Осветленоста на екранот исто така ја троши батеријата

Високата осветленост на екранот ја уништува батеријата со бавно, но сигурно темпо. Без разлика дали е поставена автоматски или рачно, ако е на максимум, светлината на екранот им штети на литиум-јонските батерии и на вашиот вид. Најдобро е да ja поставите рачно според процентот кој ви одговара и да ги користите режимите за заштита на очите во текот на ноќта, за да можете да уживате со својот смартфон, колку што е можно подолго. Уредите на пазарот нудат доста решенија во тој поглед. Motorola го нарече своето Night Display – функција која автоматски го прилагодува количеството на сина светлина во доцните часови за да се спречи непотребното напрегање на очите.

Исклучете сѐ што не користите

Во забрзаното секојдневие, секој од нас честопати избегнува непотребни движења и директно преминува на копчето за заклучување на смартфонот и покрај фактот што остава еден куп апликации отворени.

Работејќи така во позадина, тие брзо ги намалуваат часовите на безгрижна и корисна употреба на вашиот телефон. Непрекинато барање на Bluetooth сигнал при секојдневното поминување покрај паркот на пример, троши енергија и тоа инстантно! Друг виновник за брзото празнење на батеријата се Wi-Fi и 4G поврзувањата. Голем процент од луѓето не го исклучуваат Wi-Fi поврзувањето кога не го користат и на тој начин придонесуваат за непотребно трошење на батеријата, заради постојаното барање на мрежа.

Производителите на смартфони постојано бараат начини за подобрување на животниот век на батеријата. Тие нудат различни видови на решенија со најразлична моќ – преносни батерии, адаптери за брзо полнење и апликации за заштеда на енергија. Иако се погодни, сите тие означуваат дополнителен ангажман од страна на корисниците – да ги носат со себе, да бидат сигурни дека се наполнети итн. Исклучок има единствено кај модулите на Motorola. Тие се безжични и со посредство на лесна и иновативна технологија, додаваат значителен износ на енергија на смартфонот. Модулите се компатибилни со сите модели од z-серијата на Motorola. Таа е единствената на пазарот, која успешно ја воведе модуларната технологија пред 3 години. Уредите од оваа серија се компатибилни со Moto Mods специјалните додатоци, кои додаваат дополнителни функционалности на телефонот и го трансформираат во сосема нов и различен уред. Имено, модулите кои обезбедуваат дополнително полнење на батеријата, постојано се развиваат. Сега, сопствениците на moto z смартфони од прва, втора и трета генерација можат да ги користат предностите на

Moto Turbo Power Pack. Исклучително функционален, модулот нуди дополнителна моќ  од цели 3490 mAh, или поедноставно кажано – дополнителна енергија поголема од повеќето модели на пазарот. А кога сепак ќе се потроши, потребни ќе бидат само 20 минути за враќање на 50% од неговиот капацитет.

Со Moto actions функциите, Motorola им нуди на своите корисници дополнителна безгрижност кога станува збор за полнењето на батеријата, без да бара од нив било какви напори. Тие претставуваат едноставни гестови кои ги активираат најчесто користените функции, дури и без да треба корисникот да го допре екранот. Ова заштедува време, енергија и го прави користењето на телефонот интуитивно и исклучително лесно.

Така на пример, можете да ги исклучите известувањата на онолку долго колку што сакате. Едноставно свртете го телефонот со екранот надолу за да го активирате режимот “Не ме вознемирувај”. Исклучително корисно, доколку сте на состанок и не сакате да ве прекинуваат или пак имате потреба од неколку минути мир, за да се концентрирате на тоа што го правите. Или пак, отворете ја камерата со едно свртување на зглобот на раката дури и кога екранот е заклучен, наместо да ја отварате стандардно преку екранот.

Функцијата Moto Display овозможува прегледување на вашите известувања без да го отклучувате телефонот. Кога ќе пристигнат нови, важни известувања, Moto Display прикажува дискретна икона на соодветната апликација која е доволна за да го привлече вашето внимание. Кога ќе ја задржите иконата се појавува дополнителна информација за известувањето, која ви овозможува да одлучите дали е вредно да трошите енергија на него. Буквално. Добрата вест е дека функцијата не се активира кога уредот е во вашиот џеб или во торбата, а тоа со сигурност ќе ве поштеди од извесни непријатности и ќе ви ја заштеди батеријата на телефонот.

Има и уште. Motorola им овозможува на своите корисници една од најбрзите технологии на пазарот. Благодарение на иновативната TurboPower™ технологија, уредот има енергија за користење со часови по само неколку минути на полначот. TurboPower™ е комплетен систем, дизајниран да постигнува највисоки можни резултати за најкратко можно време. И најдобрата вест е, дека доаѓа како дел од комплетот на сите нови Motorola модели.

И на крај, но не и на последно место, е Moto Suggestions – апликација инсталирана на најновите Motorola модели, која дава персонализирани совети на корисниците како најефикасно да штедат батерија, без да го нарушат уживањето и ефикасноста при користењето на уредот.

Претходна статија5 заклучоци од првата конференција за е-трговија во Македонија
Следна статијаЗошто се кочиш кога гледаш дека некој е во неволја?