Се работи се истражување направено од страна на компанијата Morgan Stanley во САД, па не би знаеле дали овие бројки ја отсликуваат ситуацијата во нашата земја, но е добар показател сепак за вредноста на брендот Apple.

Според нивното истражување, дури 92% од моменталните корисници на iPhone планираат повторно да купат нов iPhone во наредните 12 месеци. Ова е одличен процент и од компанијата го имаат надминато само еднаш до сега кога имале 93%.

Она што е интересно во резултатите од истражувањето е колку Apple се пред своите конкуренти, односно не се работи само за неколку проценти.

Нареден на листата е очекувано Samsung, меѓутоа „само“ 77% од нивните корисници планираат повторно да купат некој од Samsung смартфоните.

Останатите производители имаат уште помал процент на задржување на корисниците, односно LG 59% и Motorola 56%.

Овие бројки покажуваат колку корисниците на Apple се задоволни од производите, а тоа воопшто не е чудно кога ќе се земе во предвид и маркетинг напорот којшто е карактеристичен за компанијата, како и угледот што го има кај купувачите.

Извор: Cnet

Претходна статијаFacebook Messenger добива нов дизајн на мобилната апликација
Следна статијаAndroid Go е полесна верзија на оперативниот систем за послабите евтини смартфони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.