Сигурно има голем број на Android корисници, како мене, кои би сакале да пробаат како би им било на iOS, односно да купат iPhone, наредниот пат кога ќе го менуваат својот телефон.

Сепак, некако кога ќе се земат во предвид цените на iPhone моделите, оваа одлука не станува баш лесна. Android телефони има од повеќе производители и од повеќе класи, па може да се најдат одлични телефони, да речеме за разумна цена од 500 евра, иако најдобрите одат и над 1.000.

iPhone XR е најевтиниот од трите најнови iPhone модели, иако тоа евтино е релативно, сепак се продава по цена над 600 евра.

Како и да е, ова е доволно ниско за да може да навлезе повеќе во „водите” на Android, па овој модел успева да привлече досга најголем број на корисници од платформата на Google, барем после подолго време.

Според статистиките на компанијата CIRP, која сепак истражувањата ги прави само во САД, 16% од продажбите на iPhone биле направени од страна на Android корисници, што е повеќе за 4% од ланските модели.

Ова секако не изгледа како голем процент, сепак корисниците се во главно лојални на своите платформи, но сепак покажува дека доколку iPhone е повеќе достапен, повеќе корисници би му дале шанса.

Ова сигурно важи за остатокот од светот, односно земјите како нашата, каде стандардот не е ни приближно висок како тој во САД, а цената на iPhone не е толку ниска, дури и да се потпише договор со оператор.

ИЗВОРCult of Mac
Претходна статијаМакедонската игра Wounded наскоро излегува на најпознатата светска платформа за игри Steam
Следна статијаЏек Блек започна свој YouTube канал за гејминг – најави дека ќе биде поголем од Ninja и PewDiePie
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.