Apple го закажа својот настан на кој ќе ја претстави наредната генерација од својот iPhone за 12 септември, односно за оваа среда во 19:00 часот. Според сите досегашни неофицијални информации, се очекува претставување на три модели, сите направени во стилот на iPhone X.

Двата појаки модели ќе бидат направени со OLED екран, додека поевтиниот ќе работи со екран направен во LCD технологија.

Телефоните според достапните информации треба да бидат наречени iPhone XS и iPhone XS Max, но според најновите информации кои доаѓаат од презентација за внатрешни потреби на кинески оператор, имињата треба да бидат следните.

Најевтиниот модел ќе биде наречен iPhone XC, а другите два модели iPhone XS и iPhone XS Plus. Според ова, сега го имаме и името на поевтиниот модел, како и негирање на информацијата дека најголемиот модел ќе ја има ознаката Max наместо досега користената Plus.

Инаку, iPhone XC ќе дојде со избор од повеќе и според презентацијата ќе се продава по цена од околу 700 долари. Останатите два модели треба да се продаваат по цена од 900, односно 1.000 долари.

ИЗВОР9to5Mac
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статија„Идејните татковци“ на Bitcoin (дел 2/2)
Следна статијаMicrosoft закажа настана за 2 октомври на кој се очекува претставување на нови Surface уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.