Како што веќе почнавме да најавуваме, идната година ќе биде во знакот на смартфоните кои ќе имаат екрани на превиткување, со што ќе се добие можноста да се користат поголеми екрани, кои ќе може да се превиткаат со цел да се добие помал и покомпактен формат.
Samsung изгледа ќе бидат првите кои ќе претстават ваков уред, но и други компании работат на развој на конкурентни уреди. Се очекува такво нешто и од Huawei, LG, денес можевме да прочитаме и за Motorola, а неофицијални информации ги ставаат и Apple во оваа група.
Дечките од TechConfigurations имаат направено одличен концепт за тоа како би можел да изгледа iPhone кој има екран кој се превиткува, истиот е наречен iPhone X Flex и можете да го погледнете во видеото подолу.
Инаку, од видеото се гледа како екраните на превиткување ќе го променат начинот на којшто ги користиме нашите мобилни уреди. Истите ќе бидат затворени во форматот на којшто сме научени досега, но ќе можат да се отворат во формат на таблет, во овој случај до 8 инчи и да се користат за гледање на видео содржина и слично.
Според мене, овој тип на уреди ќе бидат наредната револуција во мобилната индустрија, а со еден уред ќе можеме да ги правиме сите досегашни работи, а дополнително ќе добиеме и таблет компјутер.