Главниот тренд кај повеќето производители изминатата година е намалувањето на рамките околу екранот на телефоните, што е можно повеќе, се додека стане можно тие целосно да ги нема. Веќе познатото решение на овој меѓу период е ставање на исечок на горниот дел од екранот, додека на останатиот дел нема воопшто рамка.

Apple оваа година се очекува да претстави барем 3 нови модели од iPhone, меѓу кои и нова генерација од „евтиниот“ iPhone SE модел. За овој модел веќе неколку пати се шпекулира дали ќе биде направен во истиот стил како и досега, без некои позначајни промени, освен на компонентите или ќе биде направен во новиот стил на iPhone X.

Причината поради која iPhone SE привлекува внимание е тоа што се работи за модел со пониска цена од останатите најчесто скапи iPhone модели. Исто така, овој модел се покажа како популарен кај корисниците кои сепак сметаат дека помалиот формат на SE моделот, односно форматот кој го имаа постарите iPhone-и, е доволно за еден мобилен уред и не им требаат популарните „огромни“ уреди.

Она што сигурно овој модел би го направило уште повеќе популарен е доколку тој биде направен во стилот на iPhone X. Задржувајќи ја големината на уредот, меѓутоа со тргање на рамките околу екранот, односно оставање само на исечокот на горната страна, овој мал уред ќе добие поголем екран.

Главната предност на уредите без рамки околу екранот не е само естетски, односно главната придобивка е што се добива поголем екран во уред со помали димензии од тие што би морале да се користат кај постарите уреди. Само сетете се колку големи беа првите верзии од Galaxy Note пред Samsung да почне да го користи Infinity екранот.

Досега можевме да прочитаме дека iPhone SE ќе се вика SE 2 и ќе дојде со исечок на горната страна, без рамки на другите страни, за потоа да прочитаме дека овој телефон во главно ќе остане ист како што си беше. Најновите информации доаѓаат од производител на фолии за заштита на екраните кој тврди дека фолиите кои тие ги спремаат за iPhone SE (2018) ќе бидат со простор оставен на горната страна за исечокот.

Која информација ќе се покаже како точна, ќе видиме до оваа есен кога и би биле претставени сите нови модели од Apple.

ИЗВОРMobileFun
ИЗВОР 2Ubergizmo
Претходна статијаSamsung водич за користење на паметни телефони во сезоната на венчавки
Следна статијаMicrosoft го претстави Surface Hub 2 – нова генерација од 50 инчниот екран наменет за компаниите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.