Apple како и секоја година ќе претстави нова генерација од својот најпознат производ iPhone во есен. Според голем број на неофицијални информации, од компанијата за оваа есен спремаат три нови модели, за кои како што можевме да прочитаме, ќе бидат направени во стилот на iPhone X.

За потсетување, моменталниот iPhone X ќе добие нова генерација, а поради воведувањето на поголем, 6,5 инчен iPhone X, ланскиот модел ќе биде за стотина долари поевтин.

Покрај овие два модели, се очекува претставување и на уште еден LCD модел, наместо OLED, којшто иако голем со 6,1 инчен екран, треба да биде основен поевтин модел со цена од околу 700 долари.

Според информациите од познатиот Минг-Чи Куо, основниот модел ќе дојде со избор од повеќе бои, покрај досегашните сива и бела. Овој модел ќе има избор и од сина, црвена и портокалова боја, а иако не се истакнува, мислам дека црвената нема да биде во категоријата PRODUCT(RED).

Со оглед дека еднаш веќе можевме да видиме уреди од Apple со избор од повеќе бои, кои исто така беа во „пониска“ класа, не е чудо да од компанијата повторно се одлучат да понудат ваков избор.

Покрај овие бои за најевтиниот модел, се најавува и додавање повторно на златна боја како избор за останатите поскапи модели.

Инаку, според информациите, Apple би требало сите нивни телефони да ги прави во стилот на iPhone X, па не треба да се очекува iPhone 9 или нешто слично, покрај овие три модели. Сепак, од компанијата немаат излезено со официјална информација, обично не ни излегуваат, па останува да видиме што ќе биде претставено после летото.

ИЗВОР9to5Mac
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаЗлатен медал за Абдурахим Идризи на Светскиот Карате Куп, 1 Младинска лига во Умаг
Следна статијаSamsung Galaxy X може да дојде со свитлива батерија со капацитет до 6.000 mAh
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.