iphone

Денес има веќе многу апликации, но и вграден софтвер кај Android уредите, кој со помош на предната камера може да фотографира секогаш кога ќе ја згрешите лозинката на телефонот или пак ќе пробате да се логирате преку читачот за отпечатоци со прст кој не е снимен. На овој начин ќе можете да го видите лицето на оној кој сака да го „пробие“ вашиот телефон или пак едноставно сака да пристапи до некои приватни информации.

Apple сепак има друга, односно малку понапредна идеја. Покрај фотографијата, тие патентираат начин идните iPhone-и да ги снимат и отпечатоците на прстите на оној кој сака неовластено да влезе во телефонот, заедно со видео и аудио запис доколку е навистина упорен. Ова секако ќе овозможи полесно наоѓање на крадците на телефоните, но што е со заштитата на приватноста?

Еве, да речеме дека некој ваш пријател проба да влезе во вашиот телефон, не знаејќи дека сте толку загрижени за заштита на вашите приватни податоци. Дали треба неговиот отпечаток веднаш да влезе во дата базата? Дали треба неговите приватни информации да станат достапни и покрај тоа што тој не се сложил на тоа? Секој софтвер, како што знаеме, има “Terms and Agreements” и вие прво треба да се сложите на нив.

Apple секако би можел да ги предупреди оние кои го чепкаат неовластено телефонот дека ќе ги зачува нивните податоци, но тоа би ја убило целата смисла на фаќање на „крадецот“, бидејќи со предупредувањето тој би станал уште попретпазлив… Останува да видиме како ова ќе се имплементира во пракса, доколку се имплементира, но останува фактот дека со секој напредок во заштитата на податоците, се прави и еден чекор назад.

Извор: Engadget, Tech Republic, Mashable

Претходна статијаSpace VR ќе биде првата виртуелна камера во вселената
Следна статијаМакпетрол со зголемена добивка и рекордна продажба на нафтени деривати