Не е првпат да се најавува можноста Apple да претстави iPhone со можност за ставање на две SIM картички, а ваквите најави повторно се појавуваат и за наредниот модел врз основа на нови поднесени патенти од компанијата.

Патентите, кои се поднесени во Кина, но и САД неодамна, укажуваат на можноста да некои уреди користат повеќе SIM картички и со тоа да се поврзат на различни мрежи, како на пример за бизнис и приватни потреби.

Телефоните со Dual SIM можности се доста популарни во земјите како Кина, Индија и слични, а ова може слободно да се каже дека е случајот и во нашата земја. Корисниците не ретко користат 2 различни броја, едниот службен, а другиот приватен. До пред некоја година ваквата пракса беше поради обидот на корисниците да ги намалат своите трошоци користејќи броеви од повеќе оператори.

Според одредени проценки, iPhone со можност за две SIM картички тешко дека би бил достапен на сите пазари, а посебно во земји каде уредите во главно се продаваат на договор кај мобилните оператори.

Android уреди со Dual SIM можност има веќе одамна и тие се доста популарни кај ваквата категорија на корисници во целиот свет. Ние лично не користиме повеќе броеви, но знаеме дека не е толку мал бројот на корисници кои користат.

Извор: Forbes

Претходна статијаДрастично подобрете ја вашата онлајн приватност (втор дел)
Следна статијаAdobe ја пушти најновата верзија од Flash Player на Linux
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.