Исто како минатата година со iPhone 7 и 7 Plus моделите, така и оваа година Apple претставува посебна црвена верзија од своите моментално најнови модели. Овој пат тоа се iPhone 8 и iPhone 8 Plus, а истите од денес се достапни за нарачка во специјална (PRODUCT) RED варијанта.

(PRODUCT) RED верзиите се направени во соработка со истоимената организација која работи на борба против HIV и Сидата во Африка. Дел од парите кои Apple ги заработува со продажбата на овие модели одат директно во оваа организација и со тоа од компанијата истакнуваат дека се финансира тестирање, советување и третман за десетици милиони луѓе кои живеат со оваа се’ уште неизлечива болест.

Инаку, што се однесува до телефоните, тие ги имаат своите стандардни карактеристики кои се достапни во останатите верзии, односно во „обичните“ бои. За разликата од минатата година, предната страна овој пат е црна. Задната страна, како и металната рамка од страните се направени во интересната црвена боја која привлекува внимание кај корисниците без разлика на крајната цел на производот.

Покрај црвените iPhone-и, Apple претстави и посебна кожна футрола за iPhone X која е направена, како што истакнуваат, од квалитетна европска кожа. Наречена Leather Folio, оваа футрола доаѓа во црвена боја и е исто така дел од (PRODUCT) RED производите.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Apple
Претходна статијаНеколку основни работи кои треба да ги знаете за заштита на вашите лични податоци
Следна статијаНаучниците од CERN: Следи нова ера во истражувањата за антиматеријата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.