apple-iphone-5c

Според информации до кои што има дојдено The Wall Street Journal, Apple го намалува бројот на нарачки од своите составувачи во Тајван поврзани со изработката на iPhone 5c. Според информациите, Apple од Pegatron Corp. има побарано намалување на нарачките за нешто помалку од 20%, додека од Hon Hai Precision Industry кои исто така работат на составување за Apple, имаат побарано намалување од една третина. Сепак ова не мора да значи дека е резултат на недоволна побарувачка на уредот.

Apple во септември ги претстави своите 2 нови модели, iPhone 5s и помалиот 5c. Продажбата која што е постигната уште во првиот викенд изнесува 9.000.000 уреди, што е рекорд дури и за Apple, меѓутоа бројката е вкупна за двата уреди, па не се знае дали и iPhone 5c добро се продава. Сепак како и да стојат работите со помалиот модел, новиот 5s се продава одлично и ја продолжува популарноста на претходните модели.

Претходна статијаFeedly за Android верзија 17
Следна статијаLenovo го претстави Miix2 таблетот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.