Apple е компанија која посебно сака да истакне дека се грижи за приватноста на своите корисници. Тие истакнуваат дека не собираат никакви информации за корисниците, а посебно поради тоа што тие не заработуваат од реклами, алудирајќи на својот конкурент Google.

Сепак, работите не се баш такви како што сакаат да ги претстават од компанијата. Безбедносниот истражувач Брајан Кребс има забележано дека неговиот iPhone 11 Pro продолжува да ја следи неговата локација и покрај тоа што тој го има исклучено пристапот до локацијата на уредот за сите достапни апликации и сервиси достапни во листата во Settings.

Во видеото во продолжение тој покажува како го исклучува пристапот до сервисите за локација на сите сервиси и апликации, но не го исклучува генерално сервисот за локација, по што повторно ја гледа иконата која се појавува на горната лента кога уредот ја следи локацијата.

Тоа значи дека одредени сервиси кои ја собираат локацијата на уредот не се во листата, што значи дека корисниците не можат да бидат сигурни дека го исклучиле пристапот до нивната локација на сите апликации и сервиси, освен тие неколку на кои би сакале да им овозможат пристап.

За да телефонот не ја следи локацијата на корисникот, треба да биде целосно исклучен сервисот, но со тоа се трга можноста да на барем една апликација и се даде пристап. Според тоа, доколку корисниците овозможат сервисот за локација да функционира, поради тоа што сакаат на некоја апликација да и го дозволат пристапот, iPhone 11 ќе собира информации за локацијата без корисниците да можат тоа да го исклучат.

Од Apple го потврдуваат ова за KrebsOnSecurity и истакнуваат дека не гледаат никаков безбедносен проблем со ова:

Ние не гледаме некакво вистинско влијание на безбедноста. Очекувано е дека иконата за Сервисите за локација ќе се прикаже на статус лентата кога Сервисите за локација се вклучени. Иконата се појавува за системските сервиси кои немаат копче во Settings.

Ова привлекува внимание, покрај поради кампањите на Apple и поради тоа што не е баш јасно истакнато во нивната Политика за приватност која е достапна на телефоните. Корисниците многу лесно можат да добијат претстава дека сите апликации и сервиси кои се истакнати во листата, дека се сите кои можат да имаат пристап до нивната локација, но тоа сепак испадна дека не е така.

Брајан Кребс истакнува дека ова го има забележано само на iPhone 11, додека кога истото го пробал на постарите модели, не се има случено.

Google веќе беше критикуван дека исклучувањето на историјата на локација во Android, не го прекинува следењето на локацијата на корисникот, односно потребно е исклучување на уште една опција, нешто што не е очигледно, за целосно исклучување на следењето на локацијата.

Од Apple се очекуваше дека нема да прават вакви работи, па иако ова не е исто, сепак е проблем што компанијата се најде во вестите со ваква работа.

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2Fast Company
Претходна статијаОбјавени најдобрите апликации во App Store за 2019, според Apple
Следна статијаОсновачите на CodeWell со награда во Варшава
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.