2db8224f55db299c03078e174a1ca201

Иако се најавуваше дека од оваа година Google ќе ја прекине Nexus серијата на сметка на пошироката Android Silver програма, според најновите неофицијални информации сепак таа ќе биде одложена за идната година. Наредниот Nexus таблет веќе е во најава, иако повторно од неофицијални информации, кои што исто така говорат за тоа дека оваа година ќе биде направен од страна на HTC. Според информациите Nexus 8 од HTC треба да биде претставен до крајот на оваа година, односно во Октомври.

Во недостигот на официјални информации голем број на дизајнери ја претставуваат својата замисла за тоа како тие го гледаат се’ уште не претставениот производ. Обично ваквите замисли во форма на концепт слики и анимации се навистина интересни и го прават чекањето на официјалното претставување да биде помалку досадно.

Денешниот концепт доаѓа од Vishal Bhanushali кој што покрај слики има направено и видео од тоа како тој смета дека треба да изгледа Nexus 8 од HTC. Во концептот е вклучена и најновата верзија од оперативниот систем, Android L, која што треба да биде достапна за корисниците од оваа есен.

Извор: AndroidHeadlines, Behance

Претходна статијаНајавениот простор од 1ТВ достапен за корисниците на Office 365
Следна статијаПоддршката за Ubuntu 13.10 завршува денес, направете надградба на 14.04
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.