Новиот Galaxy Note9, кој беше претставен вчера, доаѓа со нова генерација на за него карактеристичното S Pen, кое овојпат има Bluetooth. Со тоа, пенкалцето, покрај за пишување на екранот, може да се користи и за дополнителни работи како што е сликање со камерата, паузирање и пуштање на музика или видео и повеќе.

Од компанијата го направија следниот инфографик за подобро да можеме да го запознаеме новото S Pen пенкалце, неговата технологија и можности.