Yash Raj Chaudhary

Полека почнуваат да излегуваат и неофицијалните информации за наредниот телефон од P серијата на Huawei, односно P40. Доколку тие се покажат како точни, овој телефон ќе биде повторно еден од најдобрите на пазарот.

Според овие информации, P40 ќе има екран со стапка на освежување од 120 Hz, нешто што се најавува како можност и за Galaxy S11. Досега ваков екран имаа само неколку модели, од кои во главно наменети за гејминг, а Pixel 4 од Google е меѓу првите кои тоа го ставаат за сите корисници со нивниот екран со стапка на освежување од 90 Hz.

Поголемата стапка на освежување на екранот ќе овозможи многу помека слика, која ќе биде попријатна за очите, како и подобра контрола на уредот. Секако, ваквата стапка ќе овозможи подобро искуство за играње на игри, па и за гледање на одредена содржина, нешто што се почесто се прави преку мобилните телефони.

Втората работа која исто така би направила голема разлика, може и поголема од екранот е батеријата. Истата ќе биде наводно со капацитет од дури 5.500 mAh, па заедно со веќе познатата издржливост на софтверот и оптимизација на Huawei, може да се очекува целодневно издржување на батеријата и за најмногу активните корисници.

Оваа батерија се истакнува дека ќе биде направена со графен што ќе овозможи да таа биде помала од иста литиумска батерија.

Брзото полнење кое секогаш е карактеристика на Huawei, ќе биде со 50W и ќе ја полни батеријата за само 45 минути.

ИЗВОРTNW
Претходна статијаМожна дата на претставување на Galaxy S11 од Samsung најавена за 18-ти февруари со настан во Сан Франциско
Следна статијаУрбанон: Прирачник за Агенти – првата македонска друштвена игра со улоги
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.