Shutterstock.com

Почетокот на новата револуција кај паметните телефони која требаше да почне оваа година, сепак се покажа дека малку ќе доцни. Со одложувањето на продажбата на Samsung Galaxy Fold од пред летото, се одложи и почетокот на продажбата на Huawei Mate X.

Од Huawei мотивирани од потенцијалните проблеми кои може да се јават кај новите уреди со екран на превиткување, решија да направат дополнителни тестови за да не се доведат во ситуација како Samsung. Сепак, со одложувањето на продажбата од страна на нивниот конкурент, потребата од побрзо пуштање на уредот на пазарот, беше тргната.

Сега кога Samsung официјално најави дека ги има направено потребните промени, односно исправки кај Galaxy Fold, продажбата ќе продолжи од септември. Точната дата не е дадена, но верувам дека шансите повторно да има одложување се мали.

Со оваа најава од Samsung се верува дека и Huawei ќе го спреми својот Mate X и ќе почне да го продава. Неофицијалните информации исто така септември го истакнуваат како месецот кога Huawei ќе почне да го продава нивниот уред.

Дека уредот е спремен за користење се гледа и од сликите кои беа објавени на кинескиот Weibo од директорот на секторот за потрошувачки производи на Huawei како го користи Mate X на аеродром.

Тој јавно го користи телефонот и нема проблем да биде сликан, а сликите можете да ги видите во продолжение.

Ова секако не ја потврдува информацијата дека и Huawei ќе ја започне продажбата на својот уред, но секако покажува дека телефонот е функционален и може да се користи.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Gizchina
Претходна статијаЗа што ќе се користи 6G технологијата која треба да почне да се развива?
Следна статија„Bird of Pray“ е футуристички концепт за авион од Airbus инспириран од природата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.