Shutterstock.com

Huawei Mate X е уредот од оваа компанија кој има еластичен екран кој се превиткува. Овие уреди сигурно ќе бидат главните во иднина со што ќе се овозможи целосно нов начин на функционирање на мобилните уреди.

Меѓутоа искуството покажа дека изгледа ќе треба да почекаме уште некоја година додека овие уреди се направат доволно добри за масовно користење, а и да се намалат сега високите цени. Во меѓувреме добра шанса ќе имаат Surface уредите од Microsoft кои наместо екран кој се превиткува, имаат два екрани кои овозможуваат повеќе формати на користење.

Huawei требаше да го пушти во продажба Mate X уште на почетокот од летото, но тоа беше одложено, во главно поради случувањата со Galaxy Fold од Samsung. Со тоа се покажа колку оваа технологија за екраните е уште во развој, па и Huawei не беа сигурни да ја искористат ситуацијата на нивниот конкурент и да го „преземат“ пазарот.

Наредната информација беше дека Mate X ќе почне да се продава од септември, кога почна повторно да се продава Galaxy Fold, но Huawei сега има и дополнителни проблеми кои не се директно врзани со екранот, па не го пушти својот уред во продажба.

Според информации од кинески портал, продажбата на Mate X ќе почне прво во Кина и тоа до крајот на овој месец. Дали и кога ќе почне да се продава во остатокот од светот не е познато, а тоа сигурно ќе зависи од реакцијата на домашниот пазар и корисниците.

Според кинескиот портал, бројот на уреди кои ќе се произведат и ќе бидат достапни е ограничен, а тоа во главно се должи и на начинот на производство.

Една од работите која изгледа доби од одложувањето е посилен процесор, па така Mate X би требало да дојде со поновиот Kirin 990, наместо со претходниот 980.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.