Huawei Mate 30 Pro прикажан на неофицијални „рендери“

Не е познато колку се точни овие слики, меѓутоа покажуваат дека Mate 30 Pro ќе има четири камери на задната страна, а исечокот ќе биде заменет со дупка за двете камери на левата страна од екранот

Има уште доста додека дојде времето за претставување на наредната генерација од Mate серијата, односно Mate 30. Тука и посебно се истакнуваат проблемите кои ги има Huawei периодов со американските власти и најавата дека ќе биде намалено производството на уреди.

Сепак и покрај тоа што не е точно јасно што да се очекува до крајот на годината, како и самиот извор на „рендерите“ кој не е од неколкуте проверени, да видиме што е тоа што ни го претставуваат како Mate 30 Pro.

Прво што може да се забележи е тргањето на исечокот на предната страна од уредот, па наместо тоа Huawei наводно се има решено да ги постави двете предни камери во дупка, како што тоа го направи Samsung во S10+, меѓутоа на левата страна.

Другата работа која може да се забележи е дека бројот на камери на задната страна овој пат би биле четири, наместо три како минатата година. На тоа треба да се додадат и дополнителни неофицијални информации кои говорат дека една од камерите ќе има 5x зум, како што е случајот со P30 Pro.

Големината на екранот на Mate 30 Pro се очекува да биде околу 6,7 инчи, а можно е вклучување на нов избор на бои.

Видеото со „рендерите“ е на почетокот од статијата, па самите можете да видите и процените дали истите се реални.  

Оставете коментар