Huawei го најави Honor View 20 минатиот месец и мислевме дека ова ќе биде нивниот прв уред со камера во екранот, односно со мала дупка во екранот за камерата. Сепак, првото место од компанијата со ваков екран го зема Huawei Nova 4.

Honor View 20 беше претставен на настан во Париз во текот на вчерашниот ден. Телефонот иако е од средната класа, како и обично со овој производител, тоа не може да се забележи и корисниците добиваат нешто повеќе.

Изгледот на Honor View 20 може да се види дека е одличен. Задната страна им бои кои се прелеваат, а овој пат Huawei се има одлучено и за одредени форми при формирањето на боите.

Она што го привлекува главното внимание е камерата на предната страна која е во екранот, односно екранот скоро и да нема рамки, освен малата дупка на горниот лев агол за камерата.

Оваа камера исто така доаѓа со одлични 25 мегапиксели, па сликањето на „селфи“ слики ќе биде одлично искуство. Големината на дупката за камерата е 4,5 милиметри, па според кажувањата на тие кои имаа шанса да го видат уредот, за многу брзо време се привикнувате и дупката веќе не се забележува, а доаѓа до израз големиот екран.

Инаку екранот на Honor View 20 е со големина од 6,4 инчи и има резолуција од 2.310 на 1.080 пиксели со нивна густина од 398ppi.

Овој телефон работи на Kirin 980 процесорот кој како и сите уреди од Huawei доаѓа со вештачка интелигенција која, покрај другото, ги овозможува едни од најдобрите слики.

Задната камера на Honor View 20 има огромни 48 мегапиксели, а достапна е и втора камера која е тука за одредување на длабочината на сликата, со што се добива можност за заматување на позадината, како и објава на 3D слики.

Сите детали за овој телефон можете да ги погледнете на овој линк.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаXiaomi го прикажа својот уред кој се превиткува на три дела
Следна статијаApple објави нов краток филм снимен само со iPhone
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.