Samsung и Apple подолго време беа две компании кои го држеа врвот на најпродавани смартфони во светот, но тие сега се загрозени од Huawei. Имено, според извори од Counterpoint Research, најголемата кинеска компанија го помина Apple на второто место на листата на компании со најмногу продадени смартфони во јуни и јули, што е извонредно постигнување, кое интересно се должи пред сѐ на успехот на кинескиот и европскиот пазар, но не и на американскиот.

Причината за успехот на Huawei сепак е тоа што имаат многу модели во понудата. На пример, само во високата класа тие имаат неколку различни моделски изведби, како на пример од серијата “Honor”, серијата “P” и серијата “Mate”, а да не зборуваме за безброј моделски изведби од средната и ниската класа.

Интересно, во 10-те најпродавани смартфони, Huawei нема ниту еден свој натпреварувач (иако третото до петтото место се заземени од Oppo и Xiaomi), што значи дека успехот е токму поради широката понуда на телефони. Од друга страна, Apple Има само три смартфони во своето портфолио, од кои iPhone 7 и iPhone 7 Plus се најпродавани во светот.

Работите сепак би требало да се променат со лансирањето на iPhone X, кој ќе биде четврт модел во понудата на производителот, покрај iPhone 7S Plus, iPhone 7S и iPhone SE и кои според тоа што ќе донесе, скоро сигурно ќе биде најпродаваниот iPhone досега.

Од друга страна, Samsung е неприкосновен на првото место – тие имаат многу популарни модели во Galaxy S и Galaxy Note сериите, но и богато портфолио на останати смартфони, кои исто така се многу популарни кај купувачите.

Извор: The Next Web, The Verge, Telegraph

Претходна статијаXiaomi го најави Mi Note 3, поголема изведба на знаменосецот Mi 6
Следна статијаFacebook тестира позадина во боја и кај коментарите