huawei_g9_plus_white

Најголемиот кинески производител Huawei се чини почна да лансира нов смартфон скоро секој месец. Овој пат тие ни го претставуваат G9 Plus, модел со 5,5 инчен Full HD дисплеј и алуминиумска изработка, како и цена од 360 долари, која се чини како коректна со оглед на перформансите кои ги има телефонот.

Во внатрешноста е вграден Snapdragon 625 процесорот со осум јадра од кои четири работат на прилично висок такт од 2.0 GHz, кој е своевидна замена за Snapdragon 808 од претходната година. Иако не се работи за најмоќниот чип на Qualcomm, може да се очекуваат респектабилни перформанси и прилично брзо работење низ оперативниот систем. Моделот инаку ќе има две изведби – едната со 3 GB рам и 32 GB простор, додека втората со 4 GB рам и 64 GB простор.

gsmarena_002

Назад вградена е камера со 16 мегапиксели, додека предната има високи 8 мегапиксели. Телефонот секако има и читач за отпечатоци на прстите во задниот дел, додека батеријата има капацитет од 3.340 mAh, која би требал да е доволна за целодневно користење. Изработката е од алуминиум, со прилично тенко куќиште од 7,3 mm, мала рамка околу дисплејот и 2.5 D стакло кое нежно се претопува во металот од страните.

Huawei-G9-Plus_1

Huawei G9 Plus има почетна цена од 360 долари во Кина, што е солидно со оглед на спецификациите. Телефонот ќе се испорачува со вграден Android Marshmallow 6.0 оперативен систем со EMUI 4.1 скин од Xiaomi врз него.

Извор: GSMArena, NDTV, Android Headlines

Претходна статијаIntel претстави 50% помоќен Atom чип, но тој нема да се вградува во телефоните и таблетите
Следна статијаWindows 10 Anniversary Update направи голем проблем со веб камерите, еве и како да го решите