HTC ONE MAX

HTC го претстави својот нов телефон од серијата One наречен max (HTC One max). Истиот доаѓа со дизајн карактеристичен за оваа серија кој го вклучува тенкиот дизајн направен од алуминиум во сребрена боја. Како што може да се претпостави и од името на овој уред, тој спаѓа во категоријата на телефон-таблет (phablet), како што се нарекуваат, со својот голем екран од 5,9 инчи. Екранот е со Full HD 1080p резолуција и одлични 349 ppi (пиксели на инч).

Она што е интересно кај овој модел е скенерот за отисоци од прсти, нешто што очигледно полека станува популарно по објавувањето на најновиот iPhone 5s. За разлика од позицијата на скенерот на iPhone, истиот на max се наоѓа на задната страна од уредот под камерата. Ова можеби изгледа како незгодно место за поставување на скенерот, меѓутоа кога ќе се земе во предвид малиот простор на предната страна и недостатокот на физичко копче, не остануваат многу други позиции. Скенерот препознава до 3 различни прсти, па може да биде програмиран секој различен прст да отвора различна апликација. Апликациите се отвораат без притоа да мора да го користите заклучениот екран или целосно да го отклучите телефонот. Со користење на скенерот исто така можете да го отклучувате и заклучувате екранот.

HTC ONE MAX Карактеристики

Димензии164.5 x 82.5 x 10.29 mm
Тежина217g
ПроцесорQualcomm® Snapdragon™ 600 процесор
1.7GHz quad-core
SIM картичкаmicro SIM
Мрежно поврзување2G/ 2.5G - GSM/GPRS/EDGE:
850/900/1800/1900 MHz

3G - UMTS/ HSPA:
EMEA: 900/1900/2100 MHz with HSPA+ up to 42 Mbps
Asia: 850/900/1900/2100 MHz with HSPA+ up to 42 Mbps
Sprint: 1900/2100 MHz with HSPA+ up to 14.4 Mbps
Verizon: 850/900/1900/2100 MHz with HSPA+ up to 14.4 Mbps

3G - CDMA
800/1900 MHz for Sprint and Verizon

4G - LTE:
EMEA: 800/900/1800/2600 MHz
Asia: 900/1800/2100/2600 Mhz
Sprint: FDD 800/1900 MHz, TDD 2600 MHz
Verizon: 700/AWS MHz
Меморија16GB / 32GB простор
2GB RAM меморија
До 64GB micoSD слот
GPSВнатрешна GPS антена + GLONASS
Дигитален компас
СензориЖироскоп
Акселерометар
Сензор за близина
Сензор за светлина
Сензор за отисоци од прсти
Поврзување3.5 mm стерео аудио
NFC
Bluetooth® 4.0 со aptX™
Wi-Fi®: IEEE 802.11 a/ac/b/g/n
DLNA®
HTC Connect™
Support consumer infrared remote control Поддршка за домашни делечински управуваши со инфрацрвен сензор
micro-USB 2.0 (5-pin) порт со мобилен видео линк со висока резолуција за USB или HDM
КамераHTC UltraPixel камера
BSI сензор, големина на пиксел 2.0 µm, големина на сензор 1/3'
Дедициран HTC ImageChip™ 2
f/2.0 отвор and 28 mm леќи
Smart Flash: 5 нивоа на флеш автоматски наместени во зависност од оддалеченоста на објектот
1080p Full HD видео снемање со HDR видео
Предна камера: 2.1 MP, 88° леќи со широк агол со HDR можност
Предна камера: 1080p Full HD видео снемање
Батерија3300 mAh Li-polymer

Време за разговори:
До 25 часа за WCDMA
До 28 часа за CDMA

Време во мирување:
До 585 часа за WCDMA
До 393 часа за CDMA

 

Претходна статијаMicrosoft официјално ја најави третата надградба на Windows Phone 8
Следна статијаTwitter дозволи пораки од корисници што не се следат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.