htc-J-butterfly-3-htv31

Сите што мислите дека HTC One M9 е најмоќниот телефон во понудата на HTC, се лажете. Третата генерација на Butterfly има многу подобри спецификации од алуминиумскиот брат, но за жал ќе се нуди само во Јапонија.

Единствен дел каде Butterfly заостанува зад One M9 е изработката на телото, која е од поликарбонат. Сепак, HTC отсекогаш правел добро изработени паметни телефони, па нас тоа не би не загрижило. Од друга страна, сите други спецификации се подобри, почнувајќи од дисплејот, кој има големина од 5,2 инчи и резолуција од 2560х1440 пиксели, за разлика од „само“ Full HD резолуцијата на One M9 со 1920х1080 пиксели.

Чипсетот е ист и го вклучува Qualcomm Snapdragon 810 процесорот со осум јадра, помогнат од 3 GB рам меморија како и 32 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка. Батеријата има капацитет од 2700 mAh, што е веројатно доволно за еден ден користење.

htc-j-butterfly-3

Како и секој HTC телефон од повисоката класа и Butterfly 3 има два стерео Boom Sound звучници во предниот дел, а вградена е и можност за NFC поврзување и IR Blaster кој ќе овозможи користење на паметниот телефон како далечински управувач за телевизорот.

Голем напредок има и во однос на камерата. Всушност, тука ги има дури три! Задната камера од 20 мегапиксели е повторно помогната од уште една камера, за постигнување на плиток фокус во фотографиите, додека предната селфи камера има 13 мегапиксели, исто како кај HTC Eye.

Како и One M9 и Butterfly 3 ќе доаѓа со Android 5.0 Lollipop и HTC Sense, а ќе биде достапен и во три надворешни бои.

Извор: Android Central

Претходна статијаLG официјално го лансираше Lancet
Следна статијаПродолжува зголемувањето на продажба на фаблет уредите