hp-8

Компанијата “Hewlett-Packard”, еден од најдобрите производители на персонални компјутери, сосема полека и без премногу промоција, почнува да навлегува и на Android пазарот. Новитет во нивниот асортиман овојпат е ниско-буџетниот таблет со сосема едноставно име HP 8 (1401). Станува збор за 7,85 инчен Android таблет кој на нивната веб страна веќе се нуди за 169.99 долари.

Дополнително, на безмалку 8 инчниот IPS LCD дисплеј со резулуција од 1024 x 768 пиксели, таблетот има quad-core Allwinner processor A31s chpset, 1GB RAM меморија, 16 GB надворешна меморија, која дополнително може да се зголеми преку microSD слот. Исто така, од компанијата овозможуваат дополнителни 25GB бесплатна cloud меморија преку Box апликацијата.

HP 8 таблетот е опремен сo две камери, задната со 2 мегапиксели и предната со 0,3 мегапиксели. Истиот се напојува со 3800mAh батерија, која според проценките овозможува 7 часа работа.

Овој таблет работи на Android 4.2.2 Jelly Bean платформата која е неколку генерации позади последниот Android KitKat софтвер. Неговите димензии изнесуваат 200.3 x 136.3 x 7.95 mm, а неговата тежината изнесува околу 312 g. HP 8 има можност само за Wi-Fi конекција (802.11b/g/n.). Како и повеќето HP продукти од овој тип, компанијата нуди 1-годишна гаранција за овој таблет.

HP 8 1401 спецификации:

  • 7.85 инчен IPS екран со резолуција од 1024×768 пиксели
  • Quad-core Allwinner A31s chipset
  • 1GB RAM меморија
  • 16GB надворешна меморија, со можност за проширување до 32GB преку microSD картичка
  • 2 мегапиксели задна камера
  • 0.3 мегапиксели предна камера
  • Android 4.2.2 Jelly Bean
  • 3.800 mAh батерија

Генерално, HP 8 (1401) e сосем солиден ниско-буџетен таблет со спецификации кои се типични за ефтините кинески таблети. Неговата цена е значително помала и од останатите конкурентни 8 инчни уреди кои ги нудат Amazon, Asus, Google, па дури и Samsung.

Претходна статијаБесплатен курс за Linux ова лето преку edX платформата
Следна статијаКамери со двојни леќи за паметните телефони