huawei-v8-17

Кинескиот гигант не престанува со лансирањето на моќни и евтини паметни телефони – Honor V8 е најновиот модел во понудата, кој е своевидна таблет – телефон верзија на P9. Има скоро исти спецификации како популарниот брат, вградени во поголемо куќиште.

Дисплејот има големина од 5,7 инчи, што значи дека V8 е конкурент на телефоните како Galaxy Note 5 и iPhone 6S Plus. Интересно, Huawei ќе нуди две различни резолуции на дисплејот – Full HD моделот ќе доаѓа со 32 GB простор и ќе чини 384 долари, додека Quad HD моделот доаѓа со 64 GB простор и ќе чини 430 долари.

huawei-v8-18

Позади двете камери ја имаат истата функција како кај P9 – едниот сензор е во боја, другиот црно бел, но и двата имаат 12 мегапиксели и f2.2 бленда. Сепак, тука недостасува лого на Leica, па може да очекуваме малку послаби оптички перформанси од леќите. Предната камера пак има солидни 8 мегапиксели со f2.4 бленда. Во внатрешноста, компонентите се подеднакви на помалиот модел – Kirin 950 чип, односно Kirin 955 кај моделот со Quad HD дисплеј, 4 GB рам и во двата модели. Батеријата секако има поголем капацитет од 3.500 mAh.

Однадвор, Honor V8 го носи веќе класичниот дизајн на производителот, со алуминиумска изработка и читач за отпечатоци на прсти поставен во задниот дел, како и 2.5D стакло кое е делумно заоблено на страните во предниот дел. Боите се слични на оние од iPhone: популарната кај девојките „Розе Златна“, „Шампањ Златна“, „Платинум Златна“ и „Сребрена“.

Како и сите нови модели на Huawei и Honor V8 ќе доаѓа со вграден Android Marshmallow 6.0, со EMUI 4.1 скин над него. Телефонот ќе биде достапен во Кина од 17 Мај, но сѐ уште нема информација за тоа кога ќе биде достапен во Европа и кај нас.

Извор: TechnoBuffalo, GSMArena, 9 to 5 Google

Претходна статијаNissan измисли самопаркирачки канцелариски столчиња
Следна статијаWindows 10 Mobile ќе добие поддршка за скенери за прсти од ова лето