При пишување на една од статиите оваа недела, го поставив прашањето за тоа зошто уште има пазар за телефоните кои не се во категоријата на паметни. Одговорот е едноставен, голем број корисници не сакаат да бидат константно поврзани и прекинувани од известувања, а тука се и земјите каде има корисници кои не можат да си дозволат паметен телефон, а и лошата интернет конекција прави да е џабе и да можат.

За овие корисници, HMD Global, сопственикот на Nokia брендот, претстави два нови телефони кои ќе се продаваат по цена од 39 и 13 евра. Овие телефони се одлични и човек да ги има како резервен телефон за одредени ситуации, кога ќе се земат во предвид цените.

Како и да е, телефоните кои беа претставени се Nokia 220 4G и Nokia 105 2019. Како што може да се претпостави и од нивните цени, првиот модел овозможува нешто повеќе за разлика од вториот којшто е едноставно тука за да овозможи телефонски повици.

Nokia 220 доаѓа со 2,4 инчен екран со резолуција од 320 на 240 пиксели и има 16MB RAM меморија, како и 24MB простор за податоци. Овој телефон има и поддршка за 4G мрежите, со што може да се прават поквалитетни разговори.

4G поддршката на овој уред му овозможува и поврзување на интернет, па корисниците ќе можат да сурфаат преку вградените Opera Mini прелистувач, а тука е и Facebook апликацијата.

Nokia 105 е основен уред, којшто на корисниците во главно им овозможува да прават телефонски повици и да комуницираат преку SMS пораки. Некогаш се мислам да користам ваков телефон месец дена.

Двата уреди доаѓаат со вградени игри, а тука е и за ваквите уреди познато траење на батеријата од повеќе денови, па и недели.

ИЗВОРHMD Global
Претходна статијаWizz Air го најави предизвикот за млади “WIZZ YOUTH CHALLENGE” 2019
Следна статијаSamsung официјално најави дека исправките на Galaxy Fold се готови и уредот ќе почне да се продава од септември
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.