goophoneS5

Само два дена од претставувањето на новиот Samsung Galaxy S5, веќе може да се најде негова копија. Се разбира од каде би дошла оваа копија, ако не од Кина, земјата од каде што се научивме да гледаме копии од производи од познати светски брендови, меѓу кои и од мобилните.

Копијата го носи името Goophone S5 и го има истиот изглед како Galaxy S5 моделот, дури и материјалот кој што го користи Samsung на задната страна во овој најнов модел. Доаѓа со 5 инчен Full HD екран, 2GHz MTK MT6592 осум јадрен процесор, 2GB RAM меморија и 32GB надворешна меморија. Исто така доаѓа со 13 мегапикселна задна и 5 мегапикселна предна камера, како и батерија со капацитет од 2.800 mAh. Goophone S5 нуди избор од бела, црна, златна и сина боја. Оперативниот систем е Android, но не во неговата најнова верзија, туку 4.2 верзијата. Карактеристично за кинеските телефони, S5-ката од Goophone доаѓа и со dual SIM поддршка, односно можност за приклучување и користење на две SIM картички. Како и што се очекува овој телефон ќе се продава по доста пониска цена од таа по која што ќе се продава S5 од Samsung. Goophone S5 се продава по цена од само 299,99 долари, но сепак не е сеуште достапен во продажба, што се разбира не е можно толку брзо.

Goophone во својата понуда има уште неколку копии од познатите модели, па така можете да ги најдете Goophone i5S и i5C, Goophone S4 и други.

Извор: Goophone

Претходна статијаStephen Elop ќе биде поставен на чело на секторот каде припаѓа Xbox
Следна статијаHuawei TalkBand B1 – фитнес часовник и Bluetooth слушалка во едно
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.