Според досегашните информации, Google планира да се приклучи на повторно популарната категорија на „Lite“ верзии од телефоните од највисоката класа, во која се и Pixel телефоните од компанијата.

За разлика од конкурентите кои обично претставуваат трет модел кој е во „лајт“ категоријата, Google изгледа ќе оди во поразличен правец. Тие ќе претстават „лајт“ модели од своите веќе претставени Pixel 3 телефони од минатата година, а имињата на тие телефони наводно ќе бидат Pixel 3a и Pixel 3a XL.

Со оглед на тоа што оваа информација беше достапна кратко време, наводно по грешка, на страна од Google, можеме да сметаме дека шансите за грешка на шпекулациите, е многу мала.

Google сега најави дека „Нешто големо доаѓа во Pixel универзумот“, со што може да се смета како најава за претставување на најавените телефони.

Претставувањето би се случило за време на Google I/O конференцијата која ќе се одржи на почетокот од мај, односно 7 мај.

Од тоа што можевме да го прочитаме досега, овие телефони ќе бидат од средната и средно високата класа, со што ќе имаат изработка од пластика, послаби екрани и процесор. Тоа што се очекува да остане на високо ниво е камерата, нешто по кое овие уреди од Google се и препознатливи.