Сите уреди од најпознатите производители се предмет на шпекулации и „протечени“ информации пред нивното претставување. Сепак Pixel уредите на Google поради некоја причина се уште повеќе цел на, во недостиг на подобар превод морам да го користам странскиот израз, „протекување“, а тоа можевме да го видиме и лани.

Сега достапни три видеа во кои целосно е претставен Pixel 4, па сега веќе имаме точен изглед и претстава за што е тоа што можеме да го очекуваме на 4-ти октомври кога ќе биде и официјално претставен од страна на Google.

Од видеата покрај изгледот, може да се видат и дел од новите карактеристики на Android 10, како што се новиот начин на навигација со гестикулации, како и новата темна тема на оперативниот систем.

Исто така се гледа и најавената карактеристика на екранот којшто треба да има 90Hz стапка на освежување, а на видеото е прикажано како тоа ќе може да автоматски се прилагодува од страна на софтверот. Само оваа карактеристика на Pixel 4 ќе ги направи уредите доста привлечни за голем дел од купувачите.

Едното од видеата на почетокот од оваа статија, а останатите две можете да ги погледнете во продолжение.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.