Трендот на „lite“ верзии од телефоните веќе е вратен, по пауза од неколку години. Сега најголемите производители своите телефони од највисоката класа ги претставуваат во три варијанти, односно стандарден модел, поголем XL или Plus модел и најново, помал модел кој има различно име кај секоја од компаниите.

Веќе можевме да прочитаме дека и Google ќе се приклучи на овој тренд со своите Pixel телефони, но тие изгледа тоа ќе го направат нешто поразлично од другите.

Според информациите, не треба да очекуваме трет, „lite“ модел од наредната генерација од Pixel уредите кои најчесто се претставувани во октомври. Google ќе претстави lite модели од двата достапни модели и истото треба да го направи во првата половина од оваа година, ако информациите се покажат како точни.

Имињата на новите телефони треба да бидат Pixel 3a и Pixel 3a XL, а информацијата е забележана на страни од Google, што ја прави скоро и сигурна, ако не дојде до промени во последен момент.

Со оглед на тоа што се работи за „lite“ модели, тие ќе имаат карактеристики од средната, односно средно високата класа. Се верува дека ќе работат на Snapdragon 670, односно Snapdragon 710, а ќе имаат и екран со Full HD+ резолуција.

Уште една причина за повторното популаризирање на lite моделите е и популарноста на средната и средно високата класа кај корисниците кои не секогаш сакаат да ги платат зголемените цени на телефоните од највисоката класа.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаWindows 10 May 2019 Update доаѓа подоцна од очекуваното и донесува поголеми промени во начинот на надградба
Следна статијаПредлог серија: Love, death & Robots
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.