Наскоро може да го очекуваме претставувањето на Note 9, по што ќе следат уредите од Apple, па после тоа доаѓа на ред Google со третата генерација од нивните Pixel уреди. Веќе неколку пати можевме да прочитаме дека поголемиот, односно Pixel 3 XL ќе дојде со исечок на горната трана од екранот, а со тоа и поголем дел од предниот дел ќе биде покриен со екран.

Познатиот таканаречен на англиски „протекувач“ на информации @OnLeaks, објави „рендери“ за кои заедно со mysmartprice тврдат дека се ексклузивни и точни прикази за тоа како ќе изгледаат двата нови Pixel уреди, односно Google Pixel 3 и Pixel 3 XL.

Од сликите може да се види и дека Google немал за цел да овие уреди немаат рамка околу уредот, па само поголемиот има исечок на горната трана, додека помалиот има стандардна рамка. На долната страна и двата уреди ја задржуваат рамката, каде повторно се поставени звучници.

Според информациите, двата уреди ќе дојдат со големина од 6,2 и 5,4 инчи, а ќе работат на најновата генерација од чиповите од Qualcomm, односно Snapdragon 845.

Google треба да ги претстави овие уреди некаде во октомври, што значи дека сепак има уште доста време, па прво вниманието ќе го насочиме кон Galaxy Note 9 кој ќе биде претставен за нешто повеќе од 1 месец.

ИЗВОРMy smart price
ИЗВОР 2TechnoBuffalo
Претходна статијаДостапна бета верзијата за сите корисници од macOS Mojave
Следна статијаSamsung официјално ќе го претстави Galaxy Note 9 на 9-ти август
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.