nexus-6-colors-970-80

Секоја година Google во соработка со некој од познатите производители на паметни телефони претставува телефон кој што го носи нивниот бренд. За познатите Nexus уреди и нема потреба повеќе да објаснуваме со оглед на нивната огромна популарност.

Со Nexus уредите, Google им овозможува на корисниците чисто Android искуство без додатоците на корисничкиот интерфејс кој што го прават другите производители. Сето тоа е помогнато од хардвер со силни перформанси, па досега ова се покажа како добар рецепт за успех.

Оваа година веќе се шпекулира дека Google ќе претстави два модели и тоа од два различни производители. Едниот треба да биде нешто помал модел и да биде направен од LG, додека вториот и поголемиот треба да биде направен од Huawei.

Достапноста на два модели оваа година сигурно ќе биде добра вест за доста корисници кои што сакаат да ги користат Nexus уредите, меѓутоа не се одлучија да го купат огромниот 6 инчен Nexus 6.

Според извори од Cnet и The Next Web, Google планира да ги претстави овие уреди на настан кој што ќе се одржи на 29-ти овој месец. Од компанијата информациите ги немаат потврдено, но со оглед на малото време до датата, брзо ќе дознаеме за точноста.

Овој месец беа претставени доста нови уреди, а за една недела ќе ги видиме и новите iPhone модели. Microsoft идниот месец се очекува конечно да претстави телефони од високата класа со Windows 10, па може да се очекува дека и Google ќе се вклучат во овој период со нивни настан.

Извор: Cnet, TNW

Претходна статијаAsus претстави мал Windows 10 компјутер на стикче
Следна статијаHuawei Mate S е првиот телефон со “Force Touch” технологија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.