The Verge

По серијата на веќе за Pixel стандардни неофицијални информации, слики и видеа, Google кончено го закажа настанот на којшто официјално ќе ги видиме овие уреди. Иако повеќето информации за нив се веќе достапни, сепак, официјалното претставување целосно ќе ги прикаже и објасни функциите, а секако секогаш се тука и по некои ненајавени работи.

Настанот Google ќе го одржи на 15 октомври во Њујорк, а на него се очекува да бидат претставени и додатни уреди како втората генерација од Pixelbook, а се најавува и можно претставување на нов паметен звучни којшто ќе работи со Google Assistant.

Pixel 4 ќе дојде во две варијанти, како и ланските модели, односно ќе ги видиме Pixel 4 и Pixel 4 XL. Најмногу за овие уреди можевме да видиме од објавените видеа, а истите може да ги видите на овој линк.

Една од главните карактеристики кај Pixel 4 ќе биде новиот Soli чип којшто треба да овозможи отклучување на уредот преку препознавање на лицето, а се најавува дека треба да е понапреден од познатиот Face ID на Apple. Овој чип исто така ќе овозможи контролирање на телефонот со гестикулации, а неговото поставување на предната страна е причината зошто новите уреди оваа година ќе имаат целосна рамка на предната страна, наместо исечок или само дупка за камерата.

Друга работа која ќе го направи Pixel 4 вреден за купување, е најавата за екран со прилагодливо освежување на сликата до 90Hz. Ова е нешто што започнаа да го воведуваат производителите кои претставуваа гајминг телефони, меѓутоа истото го прави целото корисничко искуство подобро.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНа Викенд Медиа Фестивал дознајте сè за феноменот “култура на патики“
Следна статијаДиректорот на OnePlus го прикажа изгледот на OnePlus 7T на една недела пред неговото официјално претставување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.