google-invite

После многу претпоставки, шпекулации, па дури и кратко појавување на Nexus 5-ката во Play Store, Google конечно почна да испраќа покани за настан што ќе го одржи на 24-ти Октомври. Истиот ќе се одржи во New York во 19 часот, односно 1 часот по полноќ на 25-ти Октомври утрото по македонско време.

Најголемото очекување за овој настан е претставување на новиот Google Nexus 5 и новата верзија на Android 4.4 KitKat. Сепак според повеќето информации, тие нема да бидат претставени на овој настан и истиот ќе биде во врска со Play Store и апликации.

Како и секогаш кога не се објавуваат официјални информации, остануваат само шпекулациите, па останува да видиме што од нив е точно, а што не. Како и секој настан од Google и овој би требало да биде пренесуван во живо, па доколку тоа биде случајот и со овој настан, линкот ќе биде достапен на нашиот портал.

Претходна статијаГермански истражувачи ја креираа најбрзата безжична мрежа
Следна статијаWindows 8.1 Boot-to-desktop функција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.